Лидерска средба ќе се одржи на Прочка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во недела ќе се одржи лидерската средба со Зоран Заев и на неа ќе се зборува за три клучни прашања.

„Очекувам на лидерската средба со Заев да разговараме на три значајни прашања. Претседателските избори кои следат, како императив и предуслов за интегрирање во структурите на НАТО и ЕУ, па во делот кој се однесува на реформските закони бидејќи досега имаше дијалог, тимови работеа на оние закони коишто можеме да кажеме дека се реформски и ќе разговараме за СЈО и предлог законот за иднината на СЈО кој денес го добивме во работна верзија“, ексклузивно откри Мицкоски во Отворено на Алфа.

За првото прашање Мицкоски рече дека фер избори се задолжителни и предуслов дали Македонија е општество кое треба да биде дел од Европската унија, како негативни посочувајќи ги неодамнешните искуства од референдумот кога гласаа луѓе за 2,4 секунди и имаше места со излезност поголема од 95%…

И премиерот Зоран Заев потврди дека средба ќе има до крајот на неделата.

Заев рече дека е подготвен да разговара со опозицијата бидејќи дијалогот е клучен за евроатлантските интеграции. Барањето на опозицијата, вели премиерот, не му биле познати.

SHARE