Фестим Лато (43), самопрогласениот „премиер на Чамерија“, кој на 21 јули беше пронајден убиен во канал во Амстердам, имал сопствена војска на неговиот имот во селото Герделанд кај Аферден, Холандија. како што објави холандскиот весник „Телеграф“

Според весникот, фармата личела на касарна, а прпадниците на т.н Ослбодителна војска на Чамарија) ги обучувале војници од Косово.

Властите во Холандија биле свесни на фактот дека Лато организирал приватна војска на својот имот во Аферден, но дека од непознати причини, не реагирале.

Фестим Лато, во минатото постираше фотографии од Ослободителната армија на Чамерија, ги презентираше и пасошите на делот од Грција (Северен Епир) кои за Лато и неговите приврзаници е окупиран дел од Албанија и од каде по Втората светска војна биле протерани илјадници Албанци..

https://www.expres.mk/premierot-na-chemerija-prodava-pasoshi-za-250-evra/