Лила добила 250.000 евра, но не платила данок

Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против водителката Лила Стојановска за даночно затајување, пишува порталот СДК.

„Расположивите парични средства како остварен приход пријавената Л.С. ги подигнала во целост во готово за себе лично, без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи.

Не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари (29.000 евра), за кој износ го оштетила буџетот на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на Финансиската полиција.

Кривичната пријавата од Финансиската полиција следува откако кај нив била поднесена пријава од Друштвото за изградба и инжинеринг „Дан Мак“ Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н.

На сопствениците на фирмата Лила Стојановска им ветила дека со вложување во проектот за интернационална асоцијација за заштита на човекови права, ќе им обезбеди донации од 3,5 милиони евра.

SHARE