На денешното сведочење за случајот „Реекет“ познатата водителка Лила Филиповска рече дека гоп познава Бојан Јованосвки, но дека веќе не се пријатели.

„15 години го знам, се скаравме 4 години, па се смиривме. Ми побара донација од 20.000 евра за ‘1тв’, му дадов да помогнам. Во август 2018 и позајмица од 500.000 денари му дадов на сметката на ‘БМЈ Медиа груп’, сопственикот на телевизијата. И никој мене не ми префрлил пари, па за јас да префрлам на телевизијата“ изјави Филиповска одговарајќи на прашања.

Филиповска беше со Боки 13 кога летово тој беше уапсен.

„Одморот го планираше Бојан. Кажа дека сè е организирано. Веројатно било платено однапред, не стигнав да дознаам. Јас си имам свои пари, си зедов со себе, не е должен мене никој да ме части. Веројатно ќе требаше потоа да се доплати, затоа си имав свои пари“, рече Филиповска, пренесе порталот СакамДаКажам.

SHARE