„Лиле без мене не може ништо“, го смирува Јанева Камчев за „Империја“ (ВИДЕО)

Во третото продолжение на италијанскиот „La Verita“ станува појасно кој ги држи конците во СЈО.

Во еден момент Орце Камчев му вели на Боки 13 дека му треба пасошот за да оди до Турција,по што Боки 13 се обраќа на некого преку спикерфон и му објаснува дека Камчев стравува од обвинителката што го води предметот „Империја“ (Лиле Стефанова).

По ова следува одговор од што женски глас од таа страна на линијата кој вели:

„Многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.


SHARE