Лилјана Поповска го даде клучниот 80-ти глас за законот за ЈО

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ го обезбедила последниот глас што недостигаше за донесување на Законот за јавно обвинителство, кој вчера беше усвоен со точно 80 гласа.

По неизвесноста дали ќе има мнозинство за законот, затоа што недостигаше само уште еден глас, Поповска, според партиски извори, во последен момент одлучила да гласа „за“, дознава „360 степени“.

По првото гласање кое беше поништено, Поповска беше меѓу шестемина пратеници од мнозинството (Џеват Адеми, Али Ахмети, Амд бајрам, Самка Ибраимоски и Ферати Мерел не бил во салата) чиј глас не беше регистриран.

Не се знае дали Поповска потоа гласала „за“ и за Законот за Совет на јавни обвинители, за кој немаше потреба од двотретинско мнозинство. Овој Закон беше донесен со 74 гласа.

SHARE