Липково во време на корона одлучува за споменик на ОНА!?

Советниците од Липково одлучија да се изгради спомен-кула во Слупчане во чест на загинатите припадници на ОНА од 2001 година, а одлуката вчера поминала на Советот на Општината, дознава „Плусинфо“.

Одлуката за споменикот е објавена на официјалната страна на Општината на Фејсбук.

„Жртвувањето со процедурите заврши. Од денеска сме многу блиску до финализирање на долгоочекуваниот проект – споменик кај гробиштата на паднатите борци во Слупчане. Одлуката за изградба на спомен-кула во Слупчане доби зелено светло од Советот на Општина Липково на предлог на градоначалникот. По завршување на процедурата за донесување на урбанистичкиот план дојде денот да биде донесена и одлуката за изградба на спомен-кулата. Следуваат фазите на носење на идеен и на главен проект, како и добивање дозвола од Министерството за транспорт“, пишува на Фејсбук страната.

Градоначалникот Еркан Арифи вели дека спомен-кулата ќе се гради најверојатно дури идната година, бидејќи сега приоритет е ситуацијата со коронавирусот. Тој негира дека спомен-обележјето ќе биде за загинатите припадници на ОНА, туку дека ќе ги одбележува историските случувања од Втората светска војна до 2020.

https://www.facebook.com/komuna.elikoves.3/posts/2500275556955179