Велешанецот Љубомир Спасиќ влезе во историјата на македонскиот кајак на диви води како прв Македонец што го освоил Европскиот куп во дисциплината спуст.

„Секој збор, секоја реченица би била излишна. Едноставно, целта е остварена“, изјави членот на кајак и кану клубот Арка-Борец од Велес.

Спасиќ викендов учествуваше на последниот натпревар сезонава во Чешке Буџејовице, каде што се сумираа резултатите од сите овогодишни трки. Покрај во Чешка, тој настапи во натпреварите за Европски куп и во Македонија, Словенија, Германија, Шпанија и Италија, по кои заврши прв во генералниот пласман во конкуренција на повеќе од 200 кајакари од 17 европски држави.

Александар Златаров, пак, го дополни славењето во македонскиот табор со освојувањето на четвртото место во вкупниот поредок за Европскиот куп.

https://www.facebook.com/ljubomir.spasik/videos/2866267680072500/