Љубовниот период со Скопје заврши, вели Каракачанов

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов не го менува ставот дека Бугарија не треба да брза со давањето поддршка за датум за ЕУ за Македонија.

„Моето трпение одамна заврши. Скопје не може да измислува нова историја и да го малтретира бугарското малцинство.  Јас се занимавам со ова прашање веќе 30 години“, вели тој.

„Ги познавам скоро сите македонски политичари и пијам ракија со нив на маса. Тие на маса се многу добри Бугари но кога ќе дојде време да донесат одлуки, станува тешко, тие почнуваат да се расправаат и објаснуваат дека не може да се говори за заедничка историја; вели Каракачанов како што пренеуваат бугарски медиуми.

Тој вели дека Бугарија има многу полуги за влијание и требало јасно да каже „не“ на поканата на Македонија за членство во ЕУ.

„ Бугарија задолжителна мора да ја штити својата историја и тој ќе го стори. Целиот идентитет на комунистичката Југославија се засноваше на фалсификати на бугарската историја, вели Каракачанов според кој „љубовниот период со Скопје заврши“.

„Мора да ги користиме сите механизми. Сите земји што станаа членки на ЕУ во последните 20 години ги исполниле условите, вклучително и Бугарија “, порача Каракачанов.

SHARE