Лондон ги повлекува дипломатите од ЕУ

Според британскиГ„Гардијан“, британските дипломати ќе се повлечат од институциите на ЕУ во Брисел во рок од неколку дена, а ова е обид на новиот британски премиер Борис Џонсон дека е цврст во намерата земајта дфа ја напушти Унијата до 31 октоври.

Критичарите укажуваат дека симболичкото повлекување ќе ја остави Велика Британија без увид во одлуките на ЕУ, што може да наштети на националените интереси.

Според „Гардијан“ во Брисел има околу 150 постојано се присутни дипломати кои лобираат за британските интереси.

Бритаците, na 23 јуни 2016, на референдум се изјаснија за напуштање на ЕУ.

Во јануари годинава, македонскиот премиер го „поздрави“ напуштањето на Британија на ЕУ, затоа што со тоа се правело место за асоцирање на Македонија на Унијата.

SHARE