На Конкурсот за финасирање манифестации за 2019 година, објавен од Град Скопје, добитници се и најблиски соработници и пријатели на градоначалникот Петре Шилегов, објави „Вечер“.

Неговиот шеф на кабинет, Никола Наумовски, добил 180 илјади денари за неговото здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода“ за проект наречен Град за сите: Модерна за деца.

Здружението на граѓани „Контрапункт“ во кое еден од основачите е екс-министерот за култура и сегашен национален координатор за култура во Владата, Роберт Алаѓозовски доби 100.000 денари за КРИК, фестивал на критична култура.

Мирко Попов, кој според пишувањето на „Вечер“ е голем подржувач на владата,односно неговата фирма Рекордс ДООЕЛ добила 150.000 денари за организирање фестивал.

SHARE

Оставете Коментар