Луѓе исчезнуваат – или не!

По лавината споделувања на социјалните мрежи во кои се зборува за наводно исчезнати лица и за сомнителни откритија на посмрни останки без податоци за причините и за евентуалните извршители реагираше МВР.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, повикува да не се прави паника од страна на одрдени луѓе кои се со политичка конотација или со други интереси и ги злоупотребуваат социјалните мрежи со лажни вести.

Тој истакна дека дури и поранешниот шеф на МВР, објавил статус на „Фејсбук“ со клевети и лаги.

Само на територијата на главниот град, според СВР Скопје, во последните пет години исчезнале 990 лица, од кои 881 се пронајдени, а за 109 се уште се трага.

Во двата месеци од оваа година, според полицијата, од 24 исчезнати, 20 се пронајдени, а за четири се трага. Според форензичарите и истражните тела, повеќето од пронајдените се самоубиле, а ниту еден не бил жртва на киднапирање за шверц со органи.

Според полициските статистики, од 2014 до 2018 година во Македонија за исчезнати биле регистрирани  вкупно 2.008 луѓе, од кои 1876 биле пронајдени живи или мртви, дознава Алсат М.

За 132 лица се уште се трага, а полицијата вели дека успеале да расветлат 94% од овие постапки.

SHARE