Лук Кофи: Нема гаранции за НАТО, глупо е што не гласаше Грција прва

Директорот на “Алисон центарот на студиите за надворешна политика” на влијателната “Херитиџ Фондација” не е сигурен дека промената на македонскиот устав гарантира влез во НАТО.

Освен проблеми во Грција тој не исклучува дека проблеми можат да прават и Бугарија и Албанија како членки на НАТО.

“За сите што прославуваат затоа што македонскиот парламент го изгласа Преспанскиот договор да се потсетиме дека грчкиот парламент исто така треба да го ратификува. Имајќи предвид колку кршлива е политичката состојба во Грција нема гаранции (за влез во НАТО)”, смета Кофи според кого било глупо во договорот од Преспа да не се бара Грција да го изгласа прва.

“Не мислам дека патот до НАТО ќе биде лесен. Дури и ако Грција го помине Преспанскиот договор се уште има простор за нив да прават проблеми.
Исто така никој не дискутира дека Бугарија и Албанија можат да предизвикаат проблеми за членство во НАТО. Главите се во песокот.
Добре дојдовте на Балканот”, пишува експертот за Европа и регионот на влијателната фондација Херитиџ.

SHARE

Оставете Коментар