Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска соопшти дека се блокирани им се сметките на сите компании кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати од третиот пакет мерки.

На дел од им биле повлечени и средствата кои ги добиле, соопшти Лукаревска одговарајќи на новинарско прашање, пренесе 360 степени.

„Сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, но и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби“, рече Лукаревска според која се води постапка против овие фирми во Јавното обвинителство.

SHARE