Лукаревска не е веќе директорка на УЈП

Откако беа избрани за пратеници Сања Лукаревска повеќе не е директорка на Управата за јавни приходи, додека Мартин Костовски повеќе не е прв човек на Службен весник.

Лукаревска и Костовски станаа пратеници во македонското Собрание преку Изборната единица 2 како кандидати на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

„Во моментов повеќе не сум избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието, а во иднина мојата партија и идниот премиер ќе одредат која функција ќе ја извршувам“, изјави Лукаревска за „Фактор“.

Вршител на должност директор на УЈП сега е Фарук Имери.

SHARE