Пратеничка на СДСМ не е сигурна дека Заев пак ќе биде премиер

Сања Лукаревска која беше втора на листата на СДСМ во изборната единица 2 повеќе не е директорка на Управата за јавни приходи објави порталот фактор.мк.

Лукаревска тврди дека времето ќе покаже дали ќе биде пратеник во Собранието или ќе стане владин функционер и ќе предводи одреден ресор доколку СДСМ повторно состави Влада.

Во изјавата за порталот таа не вели дека за нејзината идна функција ќе одлучува Зоран Заев како сигурен иден премиер туку само “идниот премиер”.

“Во моментов повеќе не сум избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието, а во иднина мојата партија и идниот премиер ќе одредат која функција ќе ја извршувам”, изјавила Лукаревска за „Фактор“.

Со изјавата на Лукаровска се засилуваат шпекулациите дека е можно Заев да не е премиер на идната влада во која тој би заземал друга функција а владата би ја видел Насер Зибери или друга личност.

SHARE