ЛУКОИЛ Македонија ја заврши наградната игра за 2019 година и денеска на свечена церемонија беше доделена главната премија од наградната игра „Полни, патувај и добивај“.

Среќен добитник е Зоранчо Петановски од Скопје, а клучевите од автомобилот „Шкода Кароик“ му ги врачи амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин, кој во своето обраќање изјави:

„За компанијата ЛУКОИЛ Македонија, која веќе 15 години успешно работи на македонскиот пазар, претходната година донесе големи резултати, кои се дел од успехот на групата ЛУКОИЛ на глобално ниво. Во земјава ЛУКОИЛ Македонија го потврди статусот на една од компаниите со најдобрите деловни пракси”.

SHARE