Лупевска: Катица Јанева ме избрка затоа што ја критикував

Уредничката на емисијата Код на Телма, Снежана Лупевска открива според неа каква личност навистина е специјалната обвинителка Катица Јанева.

“За карактерот на Катица Јанева:
Никогаш не добив желба да се сликам со неа а единствената средба со неа беше и последна. Завршивме со кавга по што реков дека волку непрофесионален и дрзок обвинител не сум видела во мојата 25 годишна новинарска кариера . Буквално стана да ме избрка од својата канцеларија затоа што ја критикував. Ова прв пат го кажувам јавно, а настанот има и сведоци. Затоа не ме чуди воопшто нејзината наредба за претрес и револтот што го предизвикала кај вработените. Жената не е воопшто каква што пред јавноста се претставуваше и жал ми е што многумина тоа не го препознаа особено меѓу моите колеги”, открива Лупевска, речиси 4 години откако Јанева застана на чело на СЈО.

SHARE