Мадуро предупредува на можен напад од САД

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги повика вооружените сили да бидат подготвени во случај САД да одлучат да започнат воена офанзива на територијата на Венецуела, додека лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, са обидува да ја привлече армијата на негова страна.

Мадуро ја повика армијата „да биде подготвена да ја брани татковината со оружје во рака ако еден ден Северно-американската империја се осмели да ја нападне земјата…“

Мадуро го изјави ова за време на инспекцијата на воената база во државата Коједес, во северозападниот дел на земјата.

Администрацијата Трамп се обидува да го присили Мадуро да ја предаде власта на Гуаидо по секоја цена.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во средата изјави дека „можна е воена интервенција“… “Доколку биде потребно, САД ќе го сторат тоа“.

Венецуелската армија засега е лојална на Мадуро, Гуаидо, кој е поддржан од САД и признат од 50-на држави на претседател на Венецуела ги повика граѓаните на „марш“ кон касарните за да ги убедат војниците да откажат послушност на Мадуро.

SHARE

1 Коментар

  1. Си најдоа американците црпнат и во Венецуела. Ќе го донесат на власт ќе им ја земат нафтата и пак ќе живеат во сиромаштија.

Comments are closed.