Магнетна резонанца, “прекрасна награда што секој би ја посакал”

Колку е катастрофална состојбата во здравството, до каде отиде битката за лајкови и војната за реклама во здравствениот бизнис покажува наградна игра во која награда е магнетна резонанца.

Овој скап дијагностички метод за откривање тешки болести за кој во јавното здравство се чека со месеци а во приватните здравствени институции чини и до 10 илјади денари сега се нуди како главна награда во наградна игра на приватна ординација.

Замислете дека сте болен од тешка болест, чекате термин за резонанца во февруари а немате пари за приватна клиника.

Единствено што ви преостанува е во целата мизерија да учествувате во наградна игра и да се надевате да ве извлечат.

SHARE