Аутопсијата на телата на мајка и нејзините две 18 годишни ќерки близначки од српско потекло, пронајдени во стан во Виена на почетокот на неделата, покажа дека умреле – од глад.

Портпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, изјави дека, според проценките, трите жени починале во периодот помеѓу крајот на март и почетокот на април, а биле пронајдени на почетокот на оваа недела, пренесува Б92.

SHARE