Албанската телевизија А2 објави и репортажа од сирискиот камп Ал-Хол и разговараше со жена од Македонија која бара помош од државата.

„Јас сум Ревајет Шахини од Македонија. Шест години сум тука. Имам шест деца. Ја повикувам државата да нè земе бидејќи тука не можеме повеќе да седиме, опасно е, вели за телевизијата Албанката од Македонија.

Според сознанијата на оваа телевизија, илјадници луѓе престојуваат во Ал-Хол. Жителите сметаат дека тоа е повеќе од камп, односно дека тоа е еден огромен затвор каде семејствата на борците на Исламска држава се заробени, изолирани и присилени да живеат во шатори, па им треба помош. Условите за живот се нечовечки. Опасноста е постојана.

SHARE