Мајката на портпаролот на СДСМ ќе даде отказ

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место, како морален чин иако нејзиното вработување било законско.

Тој рече дека очекува овој пример да го следат и други.

Фанија Костадинова беше вработена во централен регистар во Струмица.

Оставката следува по изјавата на премиерот Зоран Заев, дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места.

Антикорупциска комисија ги проверува вработувањата на 18 роднини на актуелни функционери со цел да се утврди дали имало влијание и судир на интереси.

SHARE