Двајца македонски граѓани што имаат и државјанство на Бугарија се казнети со по 1.000 лева (околу 500 евра – н.з.) од Окружниот суд во Ќустендил поради декларирање невистинити податоци при вадење возачка дозвола, јави Бугарска телеграфска агенција (БТА).

Горанчо И. (50) и Моме М. (54) пред ќустендилскиот сектор „Патна полиција“ на Министерството за внатрешни работи дале лажни податоци во декларацијата за да им биде издадено сведителство за управување моторно превозно средство.

И двајцата писмено декларирале вообичаен престој во Бугарија, иако Горанчо И. живее во Пробиштип и работи како возач за словенечка фирма, а Моме е од селото Облавце.

Судот ги ослободил од кривична одговорност и им одредил глоба за стореното дело.

SHARE