Македонци штанцаат лажни вести, а не се од Велес

Светските медиуми не така одамна беа преплавени со стории за македонски тинејџери од Велес кои пишувале лажни вести фокусирани на напади врз кандидатката Хилари Клинтон и Демократската Партија. Но, никогаш не се откри кој, дали и на кој начин стои зад нив.

Белгиецот Мартен Схенк и вебсајтот „Nieuwscheckers.nl“ со месеци веќе трагаат по македонските мрежи на лажни вести кои се прославија“ за време на претседателската кампања во САД.

„Ловецот на лажни вести“, Мартен Схенк, успеал да разоткрие мрежа на македонски граѓани кои шират лажни вести, и не станува збор за тинејџери од Велес.

Според Схенк, велешката линија не е воопшто во центарот на оваа мрежа.

Неговите истражувања, кои денеска се на првите страници на сите белгиски медиуми, централна фигура на овој бизнис е припадник на АРМ, Слаѓан „Цаго“ Бојковски од Куманово.

„Бојковски со години веќе креира лажни и бомбастични содржини на интернет кои започнале со стории за мотори и голи гради, но тоа не им носело доволно пари, објаснува Схенк. Па, така, набргу, Бојковски и неговите соработници се свртиле кон стории против муслиманите и разни теории на заговор, за педофилија и, се разбира, во полза на Доналд Трамп. Со една лажна вест заработувале околу сто евра дневно, пренесува Нова ТВ. 

SHARE

1 Коментар

  1. Па добро, до кога?
    Има ли некој кој верува во вакви глупости?
    Замислете АРМ која патем речено е на рамниште на најзаостанатите армии во светот, кога говориме за техничка и персонална опременост-екипираност, ширела лажни вести. Значи персонал кој во “ОСЛОБОДИТЕЛНИТЕ“ ОПЕРАЦИИ на НАТО-картелот ги добива високотехнолошките задачи како логистика и чистење на кенефи сега излегува ја срушил Килари, да не знае човек дали да се смее или да плаче.
    Видете вака знам дека знаете дека е ова само уште еден добар виц, ама сте се запрашале ли колку од читателите ги земаат здраво за готово ваквите глупости и се убедени дека некој таму од Велес или АРМ навистина креирал и ширел лажни вести…

Comments are closed.