Македонци во државен карантин ќе ја тужат државата

Македонски државјани кои се во карантин во Охрид најавија тужба против државата за односот кон нив по враќањето во земјава и велат дека ниту една институција досега ги нема контактирано за да се испита начинот на кој полициските службеници се однесувале кон нив, пишува Слободен печат.

Станува збор за група од 92 лица кои работеле за американска крузер компанија на брод, а кои откако поминале 63 дена карантин на море и ги добиле потребните документи дека не се заразени со коронавирус, конечно се упатиле кон својата земја, каде биле пречекани на „крајно мизерен и нечовечки начин“.

По доаѓањето во земјава им бил одреден државен карантин, без притоа некој да им ги побара документите за тоа дали се тестирани на Ковид-19.

„Ниедна институција не’ нема контактирано, никој ни нема побарано валидни документи за заразни болести кои ги добивме од нашата американска компанија. Ги имаме сите документи дека немаме Ковид-19. Кога испловивме од Америка добивме документ, потоа отидовме во Англија, а по заминувањето и од таму на аеродром повторно добивме документ дека не сме позитивни на вирусот вели Славчо Тошев, за „Слободен печат“

SHARE