Македонци за бугарско „поданство“ плаќале до 1.000, Косовари  3.000 евра

Неколку илјади странци станале бугарски државјани без основа, открива БТВ во рамките на скандалот со издавање на документ забугарско „потекло“ на лица кои немаат врска соБугарија и поради ки се уапсени 20 лица.

Во Државната агенција за Бугарите во странство / ДАБЧ / била практика на т..н. „експресна нарачака“за странци, а со таа предност во измамата ќерувале муслимани.

Така, лица од Косово можеле да добијат бугарски документ за износ од 3000 до 5000 евра.

Лице кое ги знаело шемите за бТВ зборува за Корупциската шема во Агенцијата за Бугари во странство, поради која  беше уапсен  шефот на Агенцијата за Бугари во странство и уште 19 лица.

Најлесен начин да се стане Бугарин било да се отвори фирма и да назначат 10 вработени, вели неиенуваниот извор за бТВ.  Врз основа на оваа комерцијална активност, тој добивал статус на постојан престој.

Вториот начин е кога лице, странски државјанин – од земја надвор од ЕУ, си вади сертификат за присуство на трговско претставништво во Бугарија.

Третата опција, која најмногу била користена во последниве години, е да добие статус на постојан престој врз основа на документ за бугарско потекло.

Повеќе од 100 посредници работеле со „кандидати за Бугари“ и помагале во собирањето документи и на обезбедување адреса.

„Тие користеле лажни адреси. Износите се различни иво различни региони на БГ – помеѓу 50 и 100 евра по лице за адреса. Во пограничните региони со Македонија и Србија, во областите Благоевград и Ќустендил, таму е масовно …. “, вели сведокот.

Посредникот остварува контакт со раководниот службеник…

Во Агенцијата (ДАБЧ) се работело по тарифи за експресна нарачана и услуги за странци со муслимански имиња.

„”Најчесто, поединците плаќаале меѓу 300 и 500 евра за побрзо издавање на документот. И постоеше разлика од која земја е апликантот. Реално, дали има основа од таа земја да бидат издавани документи на лица со бугарско потекло, како и и дали се со муслимански или христијански имиња …. “, вели иворот н Бтв

„За добивање на сертификат за бугарско потекло на лице од Македонија цената била 1000 евра. За човек кој е од Косово-е помеѓу 3000 и 5000 евра … “.

Така, со текот на изминатата година, неколку илјади странци станаа Бугари – само со документи, кои немаат никаква врска со Бугарија, пишува БГНЕС.