Македонците од Европа огорчени од цинизмот на власта кон Иванов

По повод вчерашниот говор на претседателот Ѓорге Иванов во македонското собрание , координативното тело на македонската дијаспора од Европа го поздравува ангажманот и определениот јасен став на претседателот Иванов во одбраната на уставот и македонските интереси.

Како што доликува на државник кој е единствениот легитимен избран преставник на македонскиот народ, претседателот недвосмислено ги посочи неговите трајни заложби за зачувување на уставот и на македонските национални интереси, порачуваат од КТМДЕ .

Македонците од Европа се крајно огорчени и револтирани од непрофесионалното и нечовечко однесување на владините пратеници и нивниот арогантен и цинички став према институцијата претседател на државата.

“Во исто време, ја изразуваме нашата силна подршка и определеност во борбата за не минување на уставот и негласање на предвидените уставни промени, со цел менување на името и губење на македонскиот идентитет”, вели Координативно тело на македонската дијаспора од Европа.

SHARE

1 Коментар

  1. Тоа што Претседателот проф.др. Ѓорѓи Иванов во моментов е единствениот легитимен претставник а со тоа и единствената легитимна институција во Македонија, за жал нема многу да и помогне на Македонија да опстане ако не преземе чекори и отпочне со дела да ја брани Македонија!
    Во Уставот има прецизни одредби кои на институција Претседател и овозможуваат една цела лепеза на мерки кои тој е обврзан со тој ист Устав да ги преземе во заштита на уставниот поредок и Македонија…
    Според до сега виденото, кај проф.др. Ѓорѓи Иванов освен декларативна (вербална) заложба нема други видливи показатели кои би упатувале дека тој е подготвен до крај да биде државник и да ја одбрани Македонија. Моето мислење е дека во моментов во Македонија не постои организирана “сила“ која би можела и е во состојба да ја одбрани Македонија, целокупната тнр. интелегенција и интелектуала е во скутот на окупаторот (сите до еден се слуги на ЕУСА), поединечните појави не се толку снажни за да спречат … така да останува за некоја наредна генерација Македонци повторно да си создаде своја македонска држава до тогаш да се покриеме со ушите и да се срамиме од самите себе, тоа единствено ни преостанува.

    Една од најголемите заблуди која ја имаат овие шарени лубриканти-квислинзи е што веруваат дека со влез (читај со уништување) на Македонија во тие нивни сојузи ќе се обидинеле Македонците и дека конечно ќе биле во една држава, бог да чува и да брани, па и да се предозирани со ЛСД мислам дека во такви илузии е суицидно да се верува, тоа само го покажува интелектуалниот капацитет на денешните елити(суперстуктури)!

Оставете Коментар