Македонците од Малта за нападите врз дијаспората: Жално и срамно

Македонска заедница во Малта реагира на обвинувањата на дијаспората по „Евросонг“ од новинарката Снежана Лупевска Созен и од директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, обраќајќи се и до министерот без ресор задолжен за иселениците, Едмонд Адеми.

„Би сакале да се обратиме до сите оние кои ја нападнаа дијаспората дека Tamara Todevska не победила поради нас. Да не забораваме дека години наназад фестивалот Евровизија веќе не е она што беше на почетокот. За жал, одредени политики се вмешаа и тука каде што најмалку треба да се присутни.
Не станува збор за тоа дали некој сакал да гласа или не, дали сакале луѓето од дијаспората да потрошат 10 евра. Се работи за контиунитет во ставовите на Македонците од зад границите, кои праќаат јасни сигнали. 
Пропагандата која ја ставивте во погон со употреба на новото име и она мизерно видео на Tijana Dapcevic во кое гордо вели VOTE FOR NORTH MACEDONIA пројави револт кај граѓаните во татковината, но и надвор од неа. Всушност, и во телефонското гласањето се покажа вистинскиот став на Европа, која ја отфрли песната на Тамара. 
И тука нема ништо спорно. За вкусови не се дискутира. Но, лудилото од типот на Снежана Лупевска Созен и на директорот на Зоолошка, Ѓорги Галетановски, се врв на хипокризијата. Снежана е репрезент на медиумите и слободното граѓанство, другиов – претставник на извршната власт. 
Драга Снежана, ДИК може да те избрише тебе, а можеш и сама, ако се откажеш од македонското државјанство и биди си ‘PROUD’ дома колку сакаш. Нас, кои имаме македонско државјанство и секојдневно се трудиме да ја претставиме Македонија во најдобро светло, нема право никој да ни го одземе, уште помалку поради гласање или негласање на еден фестивал кој одамна го има изгубено рејтингот. Жално и срамно од ваша страна.
За директоров, пак, одвишно е да му се замерува поради неговиот интелектуален капацитет. Би сакале само да го прашаме министерот Edmond Ademi дали ова е став на Владата??? Дали е ова онаа дијаспора за која се залагате Вие како Министер преку одземање на правото на гласање и пасошите на Македонците??? Дали следува нејзино уништување???
Очекуваме реакција од Ваша страна како Министер за дијаспора и ЈАВНО извинување од Лупевска и од Галетановски за навредите кон граѓаните од дијаспората. 
Инаку, Тамара Тодевска имаше прекрасна изведба и одлично ја изведе улогата за која беше платена со наши пари“, се вели во реакцијата на Македонска заедница во Малта.

SHARE