Македонците остануваат во родителскиот дом до 31 година

Според најновите податоци на младите луѓе во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, во просек на 26 години.

Но, на Балканот, и не само овде, ситуацијата е поинаква.

Младите Црногорци живеат со своите родители до 32,8, (во просек) години и според тоа се на врвот на списокот на Еуростат.

На второ место е Хрватска, каде што младите со нивните родители живеат до 32 години (31,8 години). Македонците го напуштаат родителското гнездо на, просечни, 31,7 години.

И во Словачка, Бугарија, Малта и Италија младите , исто така, го напуштаат родителскиот дом дури по 30-годишна возраст.

Од друга страна, најрано го напуштаат родителскиот дом младите во Шведска (18,5 години), Луксембург (20,1 години) и Данска (21,1 години).

за главната причина за останување во родителскиот дом младите најчесто ги наведуваат финансиски причини, но тоа сигурно не треба да се игнорира и традицијата…

SHARE