Костадин Филипов, некогашен долгогодишен дописник на Бугарска национална телевизија (БНТ) од Скопје, од анкетата на Телма за можните претседателски кандидати во Македонија заклучува дека Македонците претпочитаат Зоран Заев да си остане премиер.

„Со највисок рејтинг меѓу кандидатите за претседател, се разбира, е премиерот социјалдемократ Зоран Заев. Тој има поддршка од 12,4 отсто од анкетираните. Но, тоа е само половина од неговиот личен рејтинг, што покажува дека Македонците претпочитаат тој да си остане премиер, а не да се впушта во претседателски натпревар“, пишува Филипов во својата најнова колумна за БНТ, во која ги оценува и шансите на шефот на опозицијата.

„Од другата партиска страна – лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, има вкупно 8,2 отсто поддршка, кое од една страна го легитимира како лидер на македонската десница, но од друга страна тој е најпоткрепениот политичар, но само ако се земат резултатите на македонските учесници во анкетата, без тие на Албанците. Значи, би можел да биде номиниран ВМРО-ДПМНЕ за претседател и дури во првиот круг да помине во гласањето. Во вториот, меѓутоа, поразот не му бега – за да победиш во вториот круг неопходни ти се гласовите на албанските избирачи, без нив, едноставно, не се може. Како и Албанец да стане претседател без поддршката на Македонците“, заклучува Филипов во колумната насловена „ Рибата сè уште во тавата, тие – подготвуваат претседател“.

SHARE

2 Коментари

Оставете Коментар