Македонците веќе не бараат азил, туку мигрираат во Германија како градежници

Меѓу жителите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија,
барањето азил од пред три години сè повеќе му го отстапува местото на новиот начин за мигрирање во Германија – како градежни работници, пишува весникот „Ди велт“ во обемна статија.

Од 2016 година наваму една четвртина од работниците мигранти во Германија од нечленки на Европска унија доаѓаат од шесте западнобалкански земји Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Според статистичарите, повеќето работници од Западен Балкан доаѓаат од БиХ (32 отсто), Србија (22 отсто) и Косово (19 отсто). Уделот на работниците мигранти од Македонија (14 отсто), Албанија (11 отсто) и Црна Гора (2 отсто) е помал.

Сојузниот завод за статистика регистрира петкратно зголемување на бројот на мигранти од Западен Балкан кои работат во Германија – од 13.000 во 2015 година на околу 66.000 лани! Од нив 20.901 се од БиХ, 14.652 од Србија, 12.240 од Косово, 8.898 од Македонија, 6.877 од Албанија и 1.475 од Црна Гора.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.