Македонците во Албанија бараат Голо Брдо и Гора да станат општини

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бараат од владата на Албанија и од министерот за локална самоуправа региоините Голо Брдо и Гора да станат општини.

Ова беше барање на македонското национално малциство во Албанија и пред да почне терторијална поделба.

Барањето се оправдува со фактот дека територијалната поделба од  2014 година не донесе просперитет во регионите Голо Брдо и Гора.

Спојувањето на општините не ги подобри условите на Македонците во овие области туку го отежна животот на жителите, а за еден извод, на пример, треба да се патува и по повеќе од два часа, пишува весникот „Илинден“-Тирана.

Единствена општина во која е признато македонско малцинство во Албанија е Пустец.

SHARE