Македонците во Малта до Шеќеринска и Димитров: Кого избравте за почесен конзул?

Македонците на Малта, кои ги има над 10 илјади се збунети од одлука на Владата на Република Македонија да го именува извесен Метју Феник за почесен конзул.

Во обраќањето до министрите за одбрана и надворешни работи македонската дијаспора на Малта бара обаснување за изборот на конзул.

“Почитувани Радмила Шеќеринска и Никола Димитров – би било добро да и објасните на целокупната Македонска заедница во Малта кој всушност е назначениот почесен конзул , и што истиот има допринесено за нашата заедница или нашата држава. Интересен факт е дека никој од 12 000-та македонска заедница која живее и работи во Малта ниту чул ниту знае за г-дин Фенек.

Воедно би сакале да ги повториме нашите барања и заложби за отварање на амбасада или конзулат на Македонија во Малта. Бројките говорат за неопходноста од амбасада или конзулат.

Амбасадорите од амбасадата во Рим која е надлежна за Малта од моментот кога ја доби надлежноста до денес ниту еднаш не огранизирале конзуларни денови ( иако има потреба за истото) , телефоните се речиси постојано недостапни , а нашите граѓани се снаоѓаат кој како може со разни совети по ФБ групи .

Поради овие причини ве замолуваме наместо про-форма и непознати почесни конзули да смогнете сили и да се отвори конзулат .
На самиот крај дозволете да ве информираме дека град со име Корми не постои во Малта, веројатно мислите за Qormi и истиот се преведува ОРМИ. Почесниот козул можел да ве информира за ова 😉
Со почит”, пишува во апелот на Македонската Заедница во Малта 🇲🇰🇲🇹.

Македонската заедница на Малта е меѓу највлијателните странски дијаспори, има редовни средби со претставници на државниот врв и свој член во телото кое е формирано од различни етнички групи од дијаспората.

SHARE