Македонците во Малта се изборија за македонскиот идентитет (ВИДЕО)

Македонската заедница во Малта предводена од претседателот Максимилијан Казаков и најтесното раководство, остварила историска средба со претседателката на Малта Н.Е Г-ѓа Мари Луиз Колеиро Прека.

Претседателката Колеиро Прека потенцирала дека и претставува посебна чест и задоволство да македонската заедница е прва со која остварува државничка средба, од било која заедница на иселеници, откако стана претседател на Малта во 2014та година.

Претставниците на МЗМ (Македонската заедница во Малта) разговарале за ситуацијата во која се наоѓа денес Република Македонија, со посебен акцент на фактот дека македонскиот народ е единствен народ кој во 21 век доживува етноцид поради членство во некој сојуз и тоа спротивно од вољата на народот.

Една од темите на разговор биле тешкотиите со кои секојдневно се соочуваат македонските иселеници во Малта и за неисполнатите ветувања за изнаоѓање на решенија од функционален карактер, со цел подобрување и олеснување на секојдневието на македонските иселеници во Малта.

Се разговарало и за можностите за интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Малта, како на економски така и на културен план.

Во знак на благодарност за приемот на претседателката, претседателот на македонската заедница г-дин Казаков, и подарил икона од Бигорскиот манастир ( Бодогорица –која воедно е и заштитничка на Малта).

Потпретседателката г-ѓа Мартина Јорданоски и врачи книги од големо историско значење на Македонија и златник со македонскиот Кутлеш. Г-ца Лејла Вејсели и врачила слика со Галичката свадба како симбол на македонската традиција од западниот дел на Македонија (Мијачкиот крај).

Претседателката Колеиро Прека ги охрабрила младите Македонци да продолжат со нивната работа и достоинствено претставување на Република Македонија во Малта, потенцирајќи дека видливоста, како и одржување на одличната репутација која ја ужива Македонската заедница, во мултинационална заедница е од голема важност.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.