Седумдесетина работници од Србија кои отпатувале за Чешка за пристојно платена работа, останаа „на магистрала“ кад се смрзнуваат откако човекот кој им вети вработување во таа земја – ги измамил.

Извесен Александар Сумиќ, им понудил да „им среди“ работа во таа земја, на луѓето кои пристигнале од сите краишта на Србија дури им дал да потпишат и потврда дека се согласуваат“ да добијат работа какоманипулативни работници во фабриката ‘Continental Automotive’s.r.o.во Чека’, пишува  српки „Телеграф“.

Понудената дневница била 4,2 евра, тополо оброк што би го добивале 3,2 евра, работа во сабота 50 насто повисока, бесплатно сместување, аконтација на секои 10 дена…

Единствено што требале да го платат е некакво осигурување и патот до Чешка  – по 50 евра, за што потпишале и изјава.

„Александар, откако од сите земал по 50 евра и уште по околу 7.000 динари, излезе од автобусот, под изговор дека треба да оди по уште две лица, и дека со автомобил ќе оди позади“ изјавила за „Телеграф“ една од измамените.

Автобусот набргу се расипал, доцнеле поради тоа но кога стигнале на граница – него го немало.

Телеграф дознава дека наводниот Александар Симиќ, е надалеку познат по ваквите имами.

И дека всушност се вика Владимир Г. иако се претставува и како Горан…

SHARE