Македонец на чело на светскиот шампион во фудбал?

Македонецот Влатко Андоновски е најсериозниот кандидат за селектор на фудбалската репрезентација на САД во конкуренција на жени која во јули стана светски првак.

Некогашниот играч на ФК Вардар кој потоа играл мал фудбал во сала според американски медиуми се наоѓа меѓу тројцата најсериозни кандидати за шеф на женскиот американски фудбалски тим кој како светски првак ќе атакува и на титулата олимписки шампион.

По заминувањето на селекторката Џил Елис, 42 годишниот Андоновски заедно со Лора Харви од тимот на “Кралевите од Јута” и Ерика Данбах од Пенсилванија Универзитетот е главен кандидат да ја добие една од најважните позиции во американскиот фудбал.

Според дел од новинарите во САД што го следат овој спорт ако се прашуваат репрезентативките на светскиот шампион тогаш Влатко треба да биде нивниот иден тим лидер.

Андоновски две сезони го води тимот на Reign FC.

Тренерската кариера ја започнал во 2010 година во тимот на Канзас Сити со кој освоил две национални првенства на САД.

“Тој е веројатно еден од најинтелигентните фудбалски мозоци со кого сум се сретнала.тој е екстремно подготвен во секој смисол. Ја знае добро играта, ја студира. Троши толку многу време за тактика”, изјави неодамна за Македонецот Али Лонг играчката за врска на американскиот национален фудбалски тим.

Доколку биде избран Андоновски ќе зема најмалку 300 илјади долари годишна плата што е десет пати помалку од платата што ја земаше сега веќе екс селекторот на американскиот машки тим Јирген Клинсман кој не успеа да го однесе својот тим на светското првенство 2018 година.