Македонец од Швајцарија со акција за помош за здравствените работници

Со помош на членови на црквата од Триенген во Швајцарија како и спортското друштво Македонија од Швајцариј кое донираше 1000 Франци, македонскиот активист, Васко Белески се погрижи, наскоро до болниците во Македонија да стигнат 3000 маски од типот KN95, кои во моментов се речиси недостапни.

Причината за хуманата донација, вели Белески е љубовта кон македонскиот народ и земја која е безгранична. Тој со акцијата сака да ги мотивира и поттикне нашинците кои се низ светот да започнат една ваква хумана акција, која несебично ќе помогне во тешките моменти кога целиот свет се бори со пандемијата корона вирус, но секако и македонските познати лица , како музичари, спортисти и други.

Пред една недела во друга акција на Белески и други акривисти им беше доставена медицинска облека на здравствени работници на една Охридска Болница бидејки спротивно на тоа што го тврди власта, тие работат во минимални услови и се снаогаат кој како што знае.

Но ова е само почеток вели Белески, и ги повикува сите добри луѓе да донираат колку што им дозволуваат нивните средства.

Првите медицински 3000 маски КN95 FFP3 на пат за Македонија со љубов кон нашите најхрабри војници докторите, сестрите и целиот медицински персонал.

“Пријатели ајде приклучете се и бидете дел од акцијата “Спаси доктор за тој да спаси живот”, објави на социјалните мрежи Васко Белески.

Почитувани,

Светот а со тоа и Македонија се соочува со пандемијата од вирусот КОВИД19.

За жал македонските доктори и медицинскиот персонал не се добро опремени и под итно им се потребни заштитни маски од типот KN95 FFP3 кои се едни од единствените кои заштитуваат од овој опасен вирус, како и заштитна стерилна облека.

Многу е важно да ги заштитиме прво нашите ДОКТОРИ и целиот медицински персонал за тие после да можат да ги лекуваат инфицираните пациенти. Без здрави доктори и медицински персонал ќе ја изгубиме битката уште пред време!!!

За таа цел ја стартуваме оваа кампања за набавка на овој вид на заштитни маски а по потреба ќе бидат набавени и други потребни заштитни средства или инструменти, НО во овој момент е ова приоритет.

Се очекува бранот на заразата во Македонија да дојде токму кон средина на Април 2020, ако собереме доволно средства втората транша на маски, визири или заштитна облека може да се набави во рок од 8 дена од Кина.

Ситуацијата е алармантна и ВЕ МОЛАМ драги пријатели да помогнеме сите заедно, да ги заштитиме нашите доктори и медицински персонал – БИДЕТЕ СОЛИДАРНИ

Кампањата е транспарента и сите дарители на крај ќе добијат признаница.

Со почит Васко Белески

АКО СТЕ ВО МОЖНОСТ ДОНИРАЈТЕ НА ОВОЈ ЛИНК

SHARE