Домаќинот Македонија го освои 13. место на Светското првенство за ракометари до 19 години со триумфот над Аргентина од 29:26, со кој „црвено-жолтите“ им се реваншираа на „гаучосите“ за поразот на стартот од мундијалот.

Натпреварот во салата „Борис Трајковски“ беше решен во првото полувреме, кое избраниците на селекторот Данило Брестовац го добија со 15:8.

Играч на средбата беше Кристијан Симоноски со девет гола без промашување.

SHARE