Кошаркарската репрезентација на Македонија ги почна квалификациите за Евробаскет 2021 со пораз од 81:72 против Естонија во арената „Борис Трајковски“, откако постигна само пет поени во една четвртина!

Станува збор за вториот период од десет минути, кој избраниците на селекторот Александар Тодоров го загубија со 25:5, што се покажа клучно за неуспехот против директниот ривал за место на ЕП.

Од групата во која се уште Русија и Италија, која во меѓусебниот дуел дома славеше со 83:64 и како соорганизатор има обезбедено учество, покрај „аѕурите“ ќе се пласираат уште две селекции.

Капитенот Војдан Стојановски со 26 поени, како и Ненад Димитриевиќ и Шејн Витингтон со по 15 единствени меѓу „црвено-жолтите“ колку-толку им парираа на Естонците, меѓу кои незадржлив беше Кристијан Куламае со 31 кош.

Во второто коло в недела Македонија ѝ гостува на Русија во Перм.

SHARE