Македонија доби европски шампион во борење, Бесир прослави со македонското знаме

Со развеано македонско знаме Бесар Алили ја прослави јуниорската титула европски шампион во борење (слободен стил) во категорија до 48 килограми, откако во финалето славеше против противникот од Ерменија, Ховханисјан.

Алили во финалето за нијанса беше поуспешен од Ерменецот (7-6), со што го освои златниот медал на Европското првенство до 17 години.

На младиот борец од Македонија му се предвидува голема кариера, а својот квалитет и потенцијалн го докажа токму со освојувањето на златниот медал.

SHARE