Македонија доби „своја“ пратеничка во Хрватска – Маријана Петир

Пријателката на Македонија, Маријана Петир, ќе ги застапува македонските интереси и во хрватскиот Сабор, каде што влезе како независна кандидатка поддржана од владејачката Хрватска демократска заедница.

Основачката и прва шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент, пред да биде сменета од Владата на Зоран Заев, во секоја пригода ја истакнува својата љубов кон Македонија и кон македонскиот народ, критикувајќи ги преименувањето на државата и двојниот аршин на Европската унија кон неа.

Македонија, практично, доби „своја“ пратеничка во Саборот на Хрватска, како што во ликот на Петир ја имаше и во Парламентот на ЕУ.

SHARE