Македонија добива известувач на ЕП од Бугарија

Пратеникот на Европскиот парламент Илхан Кјучјук од Бугарија ќе биде новиот известувач на ЕП за Северна Македонија, објави Јуропиан вестерн Балканс (European Western Balkans).

Тој доаѓа на местото на претходниот известувач на ЕП за с. Македонија, Иво Вајгл,. И двајцата се членови на групата Обнова на Европа, претходно позната како Алијанса за либералите и демократите во Европа (АЛДЕ).

Кјучјук од Движењето за права и слободи во Бугарија стана европратеник во 2014 година и беше реизбран оваа година, пренесува МКД.Мк.

SHARE