Министерот за национална одбрана на Грција Панос Каменос, денеска од грчко-македонската граница испрати порака до северниот сосед.

„Ние сме тука на границата со ПЈРМ. Грција сака да живее во мир, а нејзините соседи мора да разберат дека нивниот интерес е со Грција да имаат пријателски однос, но, исто така, мора да разберат дека се додека одат во иредентистички тврдења, вратата на Грција ќе биде затворена “, рече меѓу другото, Каменос како и “вратата на Грција е вратата на Европа и вратата на Западот“

Тој порача дека „тие треба да сфатат дека Македонија е исто така грчка, што ќе им даде билет за утре и за просперитет”.

SHARE

1 Коментар

  1. На Македонија и треба меѓународен адвокат и лобист, плус Русија. Тарифата на меѓународен адвокат е над 20 000 евра месечно.

Comments are closed.