Македонија европски лидер по бројот на млади што живеат со родителите

Со над 95 проценти од машката популација на возраст од 16 до 29 години што сè уште живее со своите родители, Македонија е на првото место во Европа, покажуваат податоците на Евростат за 2017 година.

На второто место е Хрватска со 93 отсто, а третото го делат Србија и Словачка со по 89,2 отсто. Следуваат Италија со 88,3 отсто „мамони“, Малта со 87 отсто итн.

Подобра е ситуацијата во овој поглед со македонските девојки до 29 години, од кои малку над 68 проценти живеат со своите родители. На европскиот врв се нивните врснички од Малта со 82,4 отсто, а втори се тие од Хрватска со 82,3 отсто.

На ниво на цела Европска унија процентот на млади што не се осамостоиле е 68,2 отсто, а поголем е меѓу машката популација – 73,3 отсто, а девојките живеат со родителите во 62,9 отсто од случаите.

Најмалку млади до 29 години, сметајќи ги и двата пола, живеат со своите родители во Финска – 40,8 млади машки и 30,1 отсто девојки.

 

SHARE

1 Коментар

  1. Ete, Makedonija e Prva vo nesto kako zagadenost, korupcija, mladi sto ziveat so roditelite, mladi sto sakaat da zaminat vo stranstvo, najniski prihodi vo Evropa, nedemokratska vlada, Prva vo svetot sto go prodava imeto, nacijata, istorijata, kulturata…

    A vid dodajte kade e se Prva za da se vidi “uspehot” na makedonija vodena od Zaev I negovata banda…

Comments are closed.