Со победата над Чиле од 32:30, ракометната репрезентација на Македонија заврши на 15. место на 26. Светско првенство во Германија и Данска, повторувајќи го пласманот од пред две години.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалес во поголемиот дел од израмнетиот натпревар имаа водство, кое достигна најмногу три гола разлика, но јужноамериканскиот ривал се закани со целосен пресврт кога поведе со 26:24 десет минути пред крајот.

Сепак, пресудија поголемиот квалитет и искуство на македонските ракометари, од кои се издвои триото Кирил Лазаров (9 гола од 15 обиди), Дејан Манасков (8/9) и Стојанче Стоилов (5/8).

SHARE