Македонија го зголеми извозот во Косово за 40 отсто по таксите за Србија

Српскиот министер за трговија, туризам и услуги Расим Љаиќ ја вброи Македонија меѓу земјите што најмногу профитираа од воведувањето такси од 100 проценти за пласман на српски производи во Косово во последните два месеца.

„Сите искористија. Македонија го зголеми извозот за 40 отсто, Хрватска за 30 отсто, Бугарија за 50 отсто, Словенија за 123 отсто, Грција за 114 отсто. Просто, мораше да се најдат алтернативни пазари и затоа оваа штета ќе биде многу поголема од ови 66 милиони евра. Тешко е да се вратите на пазарот каде што сте биле присутни некогаш, бидејќи други играчи влегле на него“, изјави Љаиќ за Прва ТВ.

SHARE

Оставете Коментар