Според нововостановената традиција, утре во Рим, делегациите на Македонија и на Бугарија зџаеднички ќе го слават делото на сесловенските просветители и ќе чествуваат за браќата Св. Кирил и Методиј.

Ќе биде положено цвеќе пред плочата на Македонија во чест на Св. Кирил во Базиликата Санта Марија Маџоре, а потоа ќе учествуваат на миса во црквата „Св. Павел ала Регола“.. пишува „Плусинфо“.

Македонската делегација во вечерните часови ќе присуствува на прием во бугарската резиденција во Рим, а потоа сите гости ќе проследат културно-уметничка програма организирана од македонското Министерство за култура, на која ќе настапат музичките уметници Весна Гиновска Илкова и Дино Имери.

Државната делегација на Македонија ја предводи претседателот на Собранието Талат Џафери.

SHARE