Македонија и Македонци и понатаму во речникот на конгресменот Мичел

Американскиот конгресмен Пол Мичел продолжува да зборува за Македонци и за Македонија, избегнувајќи ја додавката „Северна“.

„Секогаш е прекрасно да се видат пријателите од @ОМДијаспора за дискусија за движењето на Македонија кон членството во #НАТО и #ЕвропскаУнија. Како копретседател на Конгресната група за #Македонија и за#МакедонскитеАмериканци и како претставник на една од најголемите македонски популации во Соединетите Држави, посветен сум на одржувањето и зајакнувањето на позитивните и заемно корисни односи меѓу #САД и #Македонија“, напиша конгресменот од Републиканска партија на својот профил на Твитер по средбата со претставници на ОМД.

„Ви благодариме @РепубликанецПолМичел за вашето вистинско пријателство со #Македонија и со #македонско-американската заедница во вашиот дистрикт. Ви аплаудираме што ѝ се обраќате на нашата татковина како #Македонија и силно го поддржувате нашето право на самоопределување. #НикогашСеверна“, реплицира најголемата организација на македонски иселеници во светот, со седиште во Вашингтон.

SHARE