Нашиот план „Б“ е почеток на преговорите до крајот на годината, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за интернет изданието на германски „Шпигел“.

Во контекст на одложеното гласање во Бундестагот, Пендаровски во интервјуто е оптимист околу добивањето термин за почеток на преговорите за влез во ЕУ, пренесува 24.мк.

„Веруваме дека не постојат подлабоки забелешки против почетокот на пристапните преговори, туку само технички одложувања. Германија е наш најважен партнер, таа беше еден од актерите на Преспанскиот договор и во Берлин многу добро ја познаваат политичката ситуација во нашата земја, вели Пендаровски за „Шпигел“.

SHARE